×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го проболе со нож затоа што си го барал долгот

    03.01.2010 16:27 | KumanovoNews

    Едно лице е потешко повредено, а уште неколку полесно во тепачка на две групи жители на селото Матејче.

    Го проболе со нож затоа што си го барал долгот

    Повередениот М.С. се здобил со убодна рана од нож во пределеот на грбот и бил пренесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредата како итен случај е префрлен во Ургентен центар - Скопје. Таму било констатирана дека му е прободено белодробното крило, но се наоѓа вон животна опасност.

    Според МВР, пресметката се случила вчера околу 17 часот во селото Матејче пред куќата на Н.А.(37).Тепачката настанала  помеѓу Д.С.(35), Р.Е.(38), М.С.(36) и Ш.М.(19) од една страна и М.А., Н.А. и Е.А.(70), од друга страна. Во турканицата Н.А. со нож го нападнал и го повредил М.С.. Причина за пресметката била нерасчистен долг од 1300 евра, кој го имал М.А.. Бидејќи немал да ги врати парите Д.С., Р.Е., М.С. и Ш.М. го нападнале, по што во  тепачката се вклучила и другата група. Сите учесници во тепачката се приведени во СВР - Куманово од каде се пренесени во МЦ - Куманово каде им е укажана лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на расчистување на случајот.