×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го убиле покрај патот, па го фрлиле во нива

    12.05.2010 15:37 | KumanovoNews

    Шериф Салики (29) од селото Ропаљце, вчера попладне бил пронајден мртов со прострелна рана во стомакот во нива во атарот на Ново Село, Кумановско. Безживотното тело го пронашла полицијата со кучиња трагачи, откако еден ден пре тоа семејството го пријавило неговота исчезнување, а брзо потоа го пронашле напуштен неговиот автомобил на патот во Ново Село.

    Го убиле покрај патот, па го фрлиле во нива

    На местото на убиството била пронајдена една чаура, капа и траги од крв. Телото на убиениот е предадено на обдукција.

    Полицијата има индиции кој го сторил убиството, но во интерес на истрагата не соопштува детали.

    Неофицијално дознаваме дека Салихи бил убиен на патот покрај своето возило црн голф, а потоа бил одвлечен и фрлен во нивата со жито. На патот имало траги од крв, а дел од нив биле прекиени со земја. Убиецот пукал со автоматска пушка.  Очевидци на убиството нема, но еден еден жител од селото, додека работел на нивата слушнал необичен звук на фијукање за кое се претпоствува дека во близина пролетал куршумот. Како причина за убиството се наведуваат нерасчистени должничко-доверителски односи со друго семејство до Липковско.

    Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите за убиството.