×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес на бизнисмените за презентацијата на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија

    30.04.2019 14:12 | KumanovoNews

    Педесетина претставници на мали и средни претпријатија од Североисточниот регион присуствуваа на информативна средба во Куманово на која беа претставени можностите за финансирање на нивните бизниси.

    Голем интерес на бизнисмените за презентацијата на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија

     Презентацијата ја организираше Фондација за развој на мали и средни претпријатија во рамки на проектот "Иновативен центар: Компаративна предност за поголема конкурентност", кој овозможува соработка на приватниот сектор со јавните и образовните институции, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко. Претставници на надлежните фондации, агенции, фондови, локалната власт и банките, зборуваа како на најлесен начин да се искористи нивната стручна и матерјалната помош во зајакнување и развој на малите и средни претпријатија.

     Директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово, Димитар Ташевски, се осврна на активностите на иновативниот on-line портал во рамки на проектот и го потенцира значењето на овој информативен настан за фирмите од Североисточниот регион.

    „Иновативниот центар е онлајн заедница за малите и средни претпријатија која прерасна во глобален колаборативен систем, кој е корисен и користен пред се за компаниите, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики. Во Иновативниот центар  членуваат субјекти кои се заинтересирани за иновации, компании кои работат иновативно и конкурентно на пазарот“, - изјави Ташевски.

    Претставникот од Локален економски развој при Општина Куманово, Ахмет Јашаревски, се задржа на значањето на иновативноста и конкурентоста за фирмите од регионот, развој на нови проекти и воедно ја потенцираше соработката и поддршката, која локалниот економски развој и Општина Куманово ја даваат за имплементација на вакви ЕУ проекти.

    Од Фондот за иновации и технолошки развој го презентираа новиот повик за кофинанисирање на грантови за комерцијализација на иновации, при што детално беа претставени можностите, условите и начинот на аплицирање на овој повик.

    На состанокот присуствуваа и претставници од Централна кооперативна банка, Македонска банка за поддршка на развојот, Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија.