×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за книгата на македонските јутјубери Марковиќ и Рашковиќ

    05.03.2019 18:27 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, викендов се одржа промоција на книгата „Нашиот пат“ од авторите Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator, во издание на Просветно дело.

    Голем интерес за книгата на македонските јутјубери Марковиќ и Рашковиќ

    „На промоцијата и потпишувањето на книгата дојдоа околу 2000 млади луѓе, кои истовремено се сликаат со своите омилени јутјубери. Младите кумановци чекаа и по неколку часа во ред за да стигнат до авторите, за сега и најпопуларни автори во Македонија“, - соопштуваат од Просветно дело.

    „Нашиот пат“ е издание прогласено за најпродавана книга во Македонија. Првиот тираж е распродаден за час и половина за време на промоцијата на книгата во Скопје, а веќе е започната и турнеја за потпишување на книгата по градови. До сега опфатени беа следниве градови: Битола, Кавадарци и Куманово, а турнејата на Просветно дело со младите автори продолжува секоја сабота, и тоа во Охрид, Штип, Струмица и завршува со Прилеп. Се најавува и втора турнеја за која дополнително ќе видиме што се подготвува.