×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем пожар околу опсерваторијата Кокино

    10.08.2017 14:29 | KumanovoNews

    Голем пожар вчера беснеел во близина на магалитската опсерваторија Кокино, кој пожарникарите успејале да го локализираат по 10 часа борба со огнената стихија.

    Голем пожар околу опсерваторијата Кокино

    Од Противпожарната единица во Старо Нагоричене велат дека пожарот се појавил во 12.30 часот, а бил локализиран во 22 часот. Во гаснењето учествувале и кумановските пожарникари и месното население.

     „Се запалила сува трева до асфалтниот пат и огнот се проширил на сите страни околу опсеваторијата. Изгоре околу 20 хектари дабова шума, ниско стеблести растенија и сува трева. Огнот ја обиколи опсераворијата, но не дозволивме да изгорат таблите и патоказите, - велат пожарникари кои биле на терен.

    Причина за пожарот не е позната, но најверојатно ја предизвикале луѓе кои престојувале во шумата.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштуваат дека во атарот на с. Кокино, вчера пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале на опожарена сува трева и деградирана шума во близина на м.в. Татикев Камен.

    „Во 13,30 часот побарана е помош од ТППЕ Куманово, кои веднаш излегле на терен. Поради лошата конфигурација и непристапниот терен, гаснењето се вршело со напртњачи. Екипите го локализираа пожарот до 18.30 часот, но тој повторно се активирал на неколку жаришта, поради што пожарникарите од Нагоричане се вратилe на терен и со помош на повеќе мештани го изгаснале во 22 часот , -стои во извештајот на РЦУК.

    Чувари од Шумско стопанство утринава го постиле Кокино и потврдиле дека огнот целосно е изгаснат.