×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гори депонијата „Краста“ во Куманово

    13.07.2018 09:48 | KumanovoNews

    Од ноќеска гори депонијата Краста, во близина на селото Пчиња, на која се изнесува ѓубрето од Куманово.

    Гори депонијата „Краста“ во Куманово

    Екипи на Противпожарната единица Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ од изутрина го гаснат пожарот, но ветерот им ја отежнува работата.

    „Пожарот се појавил околу 2 часот по полноќ. Зафатена е поголема површина и гори на неколку места. Сиот потенцијал на механизација и цистерни на претпријатието е ставен во функција на гаснење на пожарот. Даваме се од себе заедно со пожарникарите да го изгаснеме пожарот што побрзо, но топлото време и ветерот не ни одат во прилог“,- изјави директорот на ЈП “Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.

    Случајот е пријавен полиција да се утврди дали пожарот е подметнат.

    Ова лето по втор пат се пали ѓубрето на депонијата Краста, пред околу еден месецо пожарот бил брзо изгаснат. Проблемот со пожар на депонијата се повторува секое лето, поради тоа што запаленото ѓубре тешко се гаси и тлее со месеци.

    На ваквата појава реагираат жителите на селото Пчиња, кои се жалат дека чадот ги труе и им ја уништува животната средина и градинарските култури од кои живеат.