×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поевтинуваат од еден до 1,5 денари

    03.06.2019 11:31 | KumanovoNews

    Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

    Горивата поевтинуваат од еден до 1,5 денари

    Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

    Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 72 денара за литар, Еуродизелот по 62,50 денари, Екстра лесното масло 52 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118 денари за килограм.

    Цените на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,14 отсто или за 27,55 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,44 отсто или 27,55долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,94 отсто или за 23,80 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,03 отсто или за околу 12,95 долари за тон.