×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Готова спортската сала „Перо Наков“, ја градеа две влади

    10.04.2018 12:58 | KumanovoNews

    Завршена е изградбата на спортска сала во средното економско училиште „Перо Наков“ на албански јазик, во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ Куманово, што ја започна бившата, а ќе ја пушти во употреба сегашната Влада.

    Готова спортската сала „Перо Наков“, ја градеа две влади

    Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски се пофали дека ова е почеток на инвестицискиот бум во Куманово, кои Владата ги најави во предизборието, со цел да му се одолжи на градот поради игнорантскиот однос од предходната власт.

    “Една од најавените инвестиции се реализира. При крај е изградбата на спортска сала во средното економско училиште „Перо Наков“, на настава на албански јазик.Во моментот Општината распиша постапка за уредување на дворното место, довршување на подземната инфраструктура, уличното осветлување, пристапот до објектот. Тоа е една капитална инвестиција која е финасирана од Владата“, - рече градоначалникот Димитриевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изградбата на спортската сала во „Перо Наков“ е почната во нивно време. Била ставена во предизборната програма на парламентарните избори во 2016 година, па тогаш од СДСМ  ги обвиниле дека најавуваат веќе изградена сала мислејќи на салата во училиштето на македонски јазик, а не за албанските паралелки.  

    Изградбата на спортската сала на 17 март 2017 година ја промовираше и тогашниот вмровски заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

    „Министерството за образование и наука ги започна активностите за изградба на нова спортска сала во состав на средното општинско училиште “Перо Наков“ во Куманово. Станува збор за инвестиција вредна 23 милиони денари со која, учениците од ова училиште ќе добијат модерен спортски објект со површина од 650 квадратни метри, целосно опремен за реализација на повеќе спортови - кошарка, мал фудбал, ракомет, одбојка, гимнастика и пинг понг. Салата ќе можат да ја користат и локалните спортски рекреативци, како и спортските клубови за тренинзи, но и за професионални натпревари. Согласно планот за работа, активностите ќе бидат целосно заокружени на почетокот на 2018 година. Нека е аирлија!“- напиша на неговиот Фејзбук профил Ристовски.

    Во средното општинско училиште „Перо Наков“ настава се изведува на македонски и албански јазик, и се работи во две одвоени згради на различни делови од градот.