×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката „Ангел Шајче“ го прослави роденденот со голема приредба

    11.05.2018 14:04 | KumanovoNews

     По повод 60-от роденден на градинката „Ангел Шајче“,  денеска во спортската сала во Куманово се одржа приредба „Низ времето патуваме и роденден прославуваме“.

    Градинката „Ангел Шајче“ го прослави роденденот со голема приредба

    На приредбата учествуваат 450 дечиња од шестте клона на градинката, кои низ игра и песна не прошетаа низ времето на развојот и растежот на градинката.

    На роденденот присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која истакна дека кумановската градинка е една од науспешните во државата, која уште во деведесетите години отворила билингвални паралелки, со што постигната инклузија во работењето.

    „Мене навистина ми е чест што токму во Куманово во овoј месец кога се одбележува 60 годишниот јубилеј ќе отвориме објект, кој ќе има капацитет за 69 деца. Сакам да ја потенцирам заложбата на Владата за развој и детска заштита за отварање детски градинки не само во урбани средини, туку и во руралните како што беше примерот во Старо Нагоричане“- потсети министерката.  

    Потпретседателот на Владата и министер Оливер Спасовски, нагласи дека општеството е должно да даде што е можно повеќе во развојот на децата, да инвестира и постојано да го надградува, бидејќи токму тие еден ден ќе бидат наследници и градители на државата.

    “Затоа сакам да истакнам дека Владата свесна за важноста на овој сегмент од општественото живеење е одлучна во намерата да реализира сериозни реформи и вложувања во капиталните инвестиции во интерес на натамошниот развоја на системот за грижа и воспитување на децата“, - рече Спасовски во своето обраќање.

    Во име на Општина Куманово на вработените и децата роденденот им го честиташе градоначалникот Максим Димитриевски, кој најави отворање на нов објект.

    „Над 1900 дечиња се згрижени во „Ангел Шајче„. Општина Куманово аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка на улица „Бајрам Шабани“ и тоа ќе биде нашиот седми објект. Во името на сите граѓани се заблагодарувам на сите кои се врежаа во развојот на оваа институција“, - изјави Димитриевски.

    Сумирајќи ги резултатите од 6 децениското работење директорката Марина Алексовска потсети дека кумановската градинка покрај тоа што ја негува традицијата, постојано е во чекор со новото време, бидејќи во современото општество привилегија е да се поседува добра и престижна градинка.

    „Нашата мисија е да згрижуваме, воспитување и едуцирање на најчуствителната популација. Наша примарна цел е да промовираме сестрани, креативни и инвентивни личности. Ние на децата им ја развиваме свеста за хуманистичи и вистински вредности, но и за мултукултурно и мултиетничко заедништво. Нашата градинка негува современ воспитно образовен процес, и секогаш сме во чекот со времето“,- рече директорката Алексовска.

    Приредбата траше околу 2 часа,  дечиња во оригинални костуми  заедно со своите учителки и воспитувачки играа и пееа за роденденот на својата градинка пред нивните најблиски, како и голем број на граѓани во преполната спортска сала.

    На паузите меѓу точките на видео бим се прикажуваа луѓето кои дале придонес во развојот на градинката.