×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката во Пионерскиот дом ќе биде готова до крајот на годината

    21.11.2017 10:41 | KumanovoNews

     Поради проблеми со затоплувањето доцни отворањето на градинката во Пионерскиот дом.

    Градинката во Пионерскиот дом ќе биде готова до крајот на годината

    Иако беше ветено дека ќе биде пуштена во употреба во септември, сега нејзино отворање се најавува до крајот на годината.

    „Техничкиот прием е направен треба да се довршат уште некои работи околу затоплувањето, така да надеваме дека до крајот на годината ќе започне со работа“, - изјави директорката Марина Алексовска.

    Зградата на некогашниот Дом на пионери во Куманово се реконструира од август годинава, за да се пренамени за градинка. Во првиот дел од проектот предвидена е реконструкција на приземните простории, кои ќе се адаптираат за сместување на 85 деца во две занимални за возраст од 2 до 6 години и една за јасли. Реконструкција на една третина од објектот ќе чини 3,5 милиони денари. Останатиот дел од објектот, кој е во сопственост на Министерството за труд и социјална политика ќе биде даден на користење на Општина Куманово и целосно ќе се доуреди во текот на наредната година.

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, изврши увид во работата неколку дена откако започна реконструкцијата.

    „Во Куманово како една од најголемите општини во државата има само 26 проценти опфат на децата во градинки. Затоа, до крајот на 2017 година планираме да отвориме дополнителни капацитети“,- најави тогаш министерката.

    Во градинката „Ангел Шајче“ во 6 објекти и два центри за ран детски развој се сместени над 1.800 деца, а на листата на чекање има повеќе од 700 деца. За да се задоволат потребите на родителите потребно е да се отворат најмалку уште три градинки во приградските населби. Ветувања за отварања на нови градинки беа секогаш во изборните програми на сите политички партии, но без практична реализација.