×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да не даваат лични податоци и да не наседнуваат на лажни наградни игри, апелира МВР

    28.08.2019 09:25 | KumanovoNews

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР во изминатиот период евидентирале зголемен број на лажни наградни игри на интернет, кои преку лажни профили на компании на социјалните мрежи, особено Facebook,  неовластено доаѓале до лични податоци од граѓаните.

    Граѓаните да не даваат лични податоци и да не наседнуваат на лажни наградни игри, апелира МВР

    „Со отварањето на лажни профили именувани на некоја позната компанија од земјата, со користење на нивните логоа и брендови, се прават објави дека поради одреден повод (роденден на компанијата и сл.) се организира наградна игра, со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и сл. Наедно, во објавите се бара од граѓаните доколку сакаат да учествуваат во овие (лажни) наградни игри, да стиснат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „Учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра“, - соопштуваат од МВР.

     Потоа креаторите на лажните наградни игри им испраќаат порака на граѓаните дека се добитници на награда и за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

    „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР апелира до граѓаните за постоењето на ризици од можни злоупотреби на личните податоци преку интернет. Имено, исклучително важно е граѓаните да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот. Во оваа конкретна ситуација, апелираме граѓаните, да се осигураат за веродостојноста на наградната игра, затоа што нивните лични податоци може да бидат искористени при извршување на други видови кривични дела, и на тој начин да бидат соочени со несакани негативни последици, - додаваат од МВР.

    МВР, во рамки на свои надлежности,  презема мерки во врска со овие случаи, во соработка со полициски организации од другите држави.