×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните најмногу се жалат на работата на извршителите

    08.02.2019 08:49 | KumanovoNews

    Во Куманово минатата година поднесени се 186 претставка до канцеларијата на Народниот правобранител. Тоа го става градот на четвртото место во Македонија, според бројот на поднесени претставки во државата после Скопје, Битола и Тетово.

    Граѓаните најмногу се жалат на работата на извршителите

    Заменикот народен правобранител, Насер Весељи, вели дека бројот на граѓани кои доаѓаат во нивната канцеларија е многу поголем и се движи околу 1000 на годишно ниво, но не сите претставки имаат основ за отворање постапка.

     Најголем број поплаки на граѓаните и минатата година, дури 43 имавме за работата на правосудните органи, но тука не станува збор само за работата на судовите туку пред се на работата на извршителите. И покрај тоа што е донесен Законот за извршување со кој не смее да блокира сметка на социјалните категории тоа сеуште е присутно. На второ место со 30 преставки се поплаките од казнено-поправната установа затворот Куманово. Тука има зголемување на бројот на поплаки во однос на предходната година и загрижувачка е таа појава. Потоа слeдуваат 19 претставки за прекршување на правата на потрошувачите, 11 за непочитување на работните односи,  10 за социјалното осигурување и заштита, додека останатите се по неколку претставки во образованието, детските права и др., - изјави Весељи.

    За разлика од урбаните средини во канцеларијата на Народниот правобранител нема ниту една претставка од жителите на малите општини во Североисточниот регион.

    Во малите општини кои се во наша надлежност и ги покриваме, речиси и немаме ниту една преставка, која се однесува на работата на локалната самоуправа. Граѓаните од Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово не се жалат за правата што не ги остваруваат. Секојдневно сме сведоци дека има многу проблеми, како што е немање вода, канализација и други комунални работи, но граѓаните се помириле со состојбата и сметаат дека така треба да биде и не се жалат, - додава Весељи.

    Народниот правобранител ги повикува граѓаните повеќе да соработуваат  со нивната канцеларијата за да ги натераат институциите да ги извршуваат своите обврски навремено и квалитетно.