×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните преку анкета може да предлагаат нови автобуски линии, велосипедски патеки и пешачки зони

    24.08.2019 07:59 | KumanovoNews

    Општина Куманово објави анкета за истражување на урбаната мобилност во Општина Куманово.

    Граѓаните преку анкета може да предлагаат нови автобуски линии, велосипедски патеки и пешачки зони

    Граѓаните преку онлајн прашалник, кое е објавен на сајтот на Општината, можат да одговорат на повеќе прашања кои се однесуваат на подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието на сообраќајот врз животната средина, осигурување на пристапни транспортни опции за сите граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

    „За идното планирање на урбаниот транспортот во градот неопходно е да се познаваат навиките и однесувањето при патувањата на граѓаните. За таа цел неопходно е да се спроведе истражување на сегашната ситуација со урбаната мобилност, заради идно планирање на мерките во согласност со потребите за патување. Тоа може да значи планирање на нови линии на јавен превоз, планирање на нови велосипедски патеки, планирање на нови пешачки зони и итн, - стои во образложението на анкетата.

    Преку ова истражување ќе се добијат статистички податоци за навиките на патувањето, користењето на различните видови на транспорт како и ставови, односно мислења на граѓаните, во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортната услуга. Тоа на локалните власти ќе им обезбеди потребни информации кои ќе им помогнат во донесување на одлуки во однос на мерките кои треба да се преземат за подобрување на урбаната мобилност и квалитетот на живот на граѓаните.