×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните се жалат од наезда на комарци, Општината најавува дека ќе прска деновиве

    10.07.2019 12:54 | KumanovoNews

    Граѓаните се погласно ја прашуваат локалната власт, кога ќе спроведе авионско прскање против комарците, бидејќи во градот има наезда од овие инсекти.

    Граѓаните се жалат од наезда на комарци, Општината најавува дека ќе прска деновиве

    Од Општина Куманово велат дека вчера е потпишан договор за авиотретирање против комарци и истото ќе биде реализирано во најкус можен рок, согласно временските услови.

    „Во планот за јавни набавки има предвидено и авионско третирање против комарци, која поради драстично повисоки понуди од проценентата вредност која изнесува 400.000 денари без ДДВ, во три наврати беше поништена. Денеска имаше јавно отварање по четврти пат, поднесена е една понуда која е прифатена за најповолен понудувач“, - соопштуваат од Општината.

     За терминот на прскањето граѓаните, а посебно пчеларите и земјоделците, ќе бидат навремено информирани преку медиумите.

    Во текот на месец април спроведени се три третмани против комарци од земја, за што од Буџетот на Општината биле одвоени 600.000 денари без вклучен ДДВ.