×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот во посета на Општина Чорлу

    31.08.2018 09:27 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е во посета на збратимената општина Чорлу, придружуван од делегација на турската заедница од Општина Куманово.

    Градоначалникот во посета на Општина Чорлу

    Посетата се реализира на покана на новиот градоначалник Ахмет Сарикурт, по повод националниот празник на Република Турција.

    - Разговаравме за досегашната соработка на културен план и идната соработка на полето на култура и спорт, како и можна економска соработка во повеќе области помеѓу двете општини. Градоначалникот Сарикурт најави можна посета на нашата Општина во почетокот на идната година во придружба на бизнис делегација со заинтересирани инвеститори за кумановската индустриска зона. Општина Чорлу е најбрзорастечка општина во Република Турција во која секоја година бројот на жителите се зголемува за 10.000 граѓани со над 2.500 мали и средни фабрики, - изјавил градоначалникот, а соопшуваат од неговиот кабинет.

    Во името на граѓаните на Општина Куманово, Димитриевски му го честитал изборот на новиот градоначалник Сарикурт.