×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гранд при за „Панче Пешев“ на фестивалот „Тодорица“

    19.03.2019 08:15 | KumanovoNews

    Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, викендов ја освои наградата за најдобар настап на меѓународниот фолклорен фестивал „Тодорица“ во Свети Николе.

    Гранд при за „Панче Пешев“ на фестивалот „Тодорица“

    На манифестацијата учествуваа ансамбли од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, кои негуваат изворен фолклор.

    „Културно -уметничкото друштво „Панче Пешев“ се претстави со изворна игра и со обичајот китење на брада. Во конкуренција од 14 ансамбли, „Панче Пешев“ освои Гран при на самиот фестивал, на кој што имаме учествувано и порано. Посебно задоволство беше кога жирито не прогласи за најдобри, тоа е еден стимул за повеќе да се работи, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“ Куманово

    Фестивалот на изворен фолклор годинава се одржа по 19 пат, а од 2003 година има и меѓународен карактер,  заради учество на фолклорни ансамбли од други земји.

    Организатор на манифестацијата е локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“.