×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска

    06.06.2016 13:59 | KumanovoNews

    Грчки навивачи малтретирале и омаловажувале вработен на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје.

    Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска

    Инцидентот се случил вчера во 11.10 часот на бензинска пумпа „Лукоил“, кога навивачи од „Олимпијакос“ од Грција, без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А.(35) од Куманово. Насилниците го удирале по главата и телото, го плукале, го влечеле и туркале во маркетот, при што одзеле разни артикли и го оштетиле објектот. Вработените повикале полиција, при што приведени се и задржани се Х.А.(26), П.Ф. (26) и  Т.В. (29) од Р.Грција, под сомнение за сторен прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.