×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски ја наполни партијата со дојденци, а нас вистинските вмровци не викаа прости, сведочеше Игор Југ

    04.12.2018 13:16 | KumanovoNews

    Обвинетиот Игор Југ давајќи jа својата одбрана денеска пред судот кажа дека никој лично не го пратил на 27 април лани во Собранието, туку сите оние кои преку телевизија, емисии, обраќања, прес-конференции, изјави во весници го повикуваа народот да излезе на улица и да ја брани татковината, пренесува порталот СДК.МК.

    Груевски ја наполни партијата со дојденци, а нас вистинските вмровци не викаа прости, сведочеше Игор Југ

    „Во пораката која ја презентираше обвинителството во која велам дека тие што ме пратија во Собрание, тие и ме осудија, мислам токму на овие луѓе. Тие што не собраа храброст да му се придружат и да го поведат народот. Се криеја како глувци, а народот го буцкаа и с’скаа. Исклучок е Антонијо Милошоски, кој најде доблест и излезе со народот“, рече Игор Југ, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    Обвинителката Вилма Русковска го праша Југ дали со тоа што кажа дека пред Собрание бил поради настапи на телевизии, дали мисли на Никола Груевски кој на ТВ интервју рече дека народот не треба да седи по папучи дома, туку да ја земе судбината во свои раце.

    „Мислам од сите партиски директори до претседателот на Република Македонија. Инаку, Никола Груевски го сметам за добар премиер, ама лош претседател на партија. Партијата ја наполни со дојденци, а на нас вистинските вмровци ни се смееја и нè викаа прости“, одговори обвинетиот Игор Југ.

    Југ пред судот кажа дека тој е вмровец, а не дпмновец и дека за него идеологијата на организацијата е нешто најсвето.

    „Јас во секој претседател на партијата барам нов Тодор Александров, а не како овие со полни банкарски сметки, јахти од 40 метри и купишта лаги за народот. Јас сè сум работел за ВМРО-ДПМНЕ. Сум работел сè од лепење плакати, до обезбедување конгреси и тоа бесплатно. Тие се откажаа од нас уште првата вечер, како што Свети Петар се откажа од Исус. Сè уште сум гневен на тие луѓе, од кои добив само прогон, а го дадов срцето и душата за нив“ рече Југ.

    Во однос на телефонските повици кои на 27 април ги имал со Александар Василевски – Нинџа, Југ рече дека се слушале оти тој му ги тренира кучињата и требало да му даде лек за кучињата.