×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хари Мата Хари и Звонко Богдан за Денот на градот во Куманово

    23.10.2018 17:17 | KumanovoNews

    Хари Варешановиќ и Звонко Богдан ќе бидат музички звезди на годинешнава прослава на 11 Ноември, по повод  Денот на ослободување на Куманово.

    Хари Мата Хари и Звонко Богдан за Денот на градот во Куманово

    Концертите ќе се одржат во пресрет на големиот празник на 9 и 10 ноември со почеток во 20.30 часот.

    - Оваа година за прв пат ќе имаме две вечери концерти на отворено.  Првата вечер на 9 ноември е настапот на Звонко Богдан, а на 10 ноември во предвчерјето на празникот ќе пее познатата босанска група Хари Мата Хари. Двете вечери ќе имаме одлични гости со богат репертоар, а концертите ќе трајат по 2,5 часа.  Првата веќер ќе настапат  Кумановски тамбураши, а втората вечер кумановските пејачи Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ и Мартија Станојковиќ, - вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

    Прославата ќе продолжи на 11 Ноември со свечена седница на Советот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. 

    Босанската звезда Хари Варешановиќ во Куманово ќе пее по трет пат на градскиот плоштад, прво во 2009 година пееше за Нова година, а во 2011 година настапи по завршниот митинг на СДСМ, додека Звонко Богдан имаше настап на Тамбурашкиот фестивал.