×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХАСАП ќе го применуваат и занаетчиите

    16.03.2010 15:31 | KumanovoNews

     Во организација на Регионалната занаетчиска комора денеска во Куманово се одржа советување за примена на ХАСАП системот. Присутните занатечии, но и преставници од приватни претпријатија за производство на храна имаа можност да слушнат за обврските и можните  репрeсивни законски мерки за непочитување на ХАСАП стандардот.

    ХАСАП ќе го применуваат и занаетчиите

     Консултанти од "Фуд Консалтинг" ги објаснуваа принципите кои мора да ги исполнат производителите, дистрибутерите на храна.

     Ги објаснивме одредбите од правилникот со кој се одредуваат санитарно-хигиенските услови што треба да ги исполнуваат,производителите, трговците, занатечиите и угостителите, кои на каков било начин се вклучени во ланецот на производство, продажба на храна и пијалоци - вели Вања Петрушевска, консултант.

    Регионалната занатечиска комора која е организатор на денешното советување најави дека за еден месец повторно ќе организира предавање за занаетчиите од шесте општини Куманово,Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

    Сметаме дека со постојано советување ќе придонесеме што е можно побрзо имплементирање на стандардите и кај занаетчиите,бидејќи само на овој начин тие стануваат поконкурентни на пазарот - вели Бајрам Сулејмани,претседател на регионалната занаетчиска комора.