×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хендикепираните лица со поголеми права

    17.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    За да се обезбеди подoбар третман за лицата со пречки во развојот, денеска беше потпишан Меморандум за реализација на проектот „Градот и попреченоста„ помеѓу Општина Куманово и Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - „Порака„ и „хендикеп Интернационал„ - Југоисточна Европа.

    Хендикепираните лица со поголеми права

    За да се обезбеди подoбар третман за лицата со пречки во развојот, денеска беше потпишан Меморандум за реализација на проектот „Градот и попреченоста„ помеѓу Општина Куманово и Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - „Порака„ и „хендикеп Интернационал„ - Југоисточна Европа.

    Проектот има за цел да се изработи  локален акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост за да се утврдат одговорностите, начинот и  учество на сите инволвирани страни во заедницата. Со тоа ќе се обезбедат подобри услови за живеење без дескриминација, подеднаков пристап до инфраструктурата, информациите и услугите што ги нуди општината за своите граѓани. Проектот е со времетраење од една година, а стапува на сила со неговото потпишување од вклучените страните.

    Со процесот на децантрализација сите потреби на лицата со хендикеп ќе бидат на локално ниво. Со тоа ќе се создадат можности, хендикепираните да ги кажат своите приоритети и заеднички да најдеме начин како тие да бидат реализирани за да се подобри животот на овие лица - изјави д-р Василка Димоска, менаџер на проектот.

     Општината Куманово е една од трите во државата, покрај Охрид и Виница кои влегува во овој проект и покажа најголема спремност за соработка. Финалниот производ на локален акционен план ќе има определена временска рамка, по што проектите ќе бидат промовирани во Скопје. Меморандум го потпишаа и од Здруженија кои се залагаат за правата на хендикепирани лица, Министерство за труд и социјала и работни организации кои вработуваат лица од оваа категорија.