×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хидрапонична и паметна градина иновации на учениците од „Крсте Мисирков“

    25.10.2019 12:37 | KumanovoNews

    Учениците од СОУ „Крсте Мисирков“ од Куманово, денеска го презентираа проектот „Изработка на хидрапонична и паметна градина“, иновативно решение за училишно градинарство и органското земјоделство.

    Хидрапонична и паметна градина иновации на учениците од „Крсте Мисирков“

    Учениците направија два вида на градина, едната во училиштето, а другата во училишниот двор.

    Хидропоничната градина е начин на одгледување на растенија со збогатена вода, т.е вода со хранливи материи наместо почва, која ќе обезбеди производство на поздрави растенија и нивен побрз раст. Додека пак, во надворешната градина ќе се одгледуваат два вида на растенија: оние коишто се во фаза на развој како расадници и растенија коишто се во фаза на `ртење.

    „Ние имаме слух за идеите на децата, за нивите размислувања, за нивните иницијативи и ги поддржуваме. Целта е градење на критичко размислување кај најмладите. Тоа што можеби во моментот недостасува, или кое било запоставувано можеби 20 години наназад. Целта е да ја разбудиме нивната креативност, без разлика за каков вид на проект станува збор“,- изјави Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој на државата(ФИТР), кој присуствуваше на презентацијата .

    Директорот истакна и дека ова се едни од најдобро вложените средства, а дека државата е секогаш тука за да им даде поддршка на вакви иновативни и креативни решенија, која веќе во вакви проекти има вложено над 16 милиони денари.

      И локалната самоуправа дава целосна поддршка на ваквите проекти.

    „Искрено сум импресиониран од нашите ученици, како и од училиштето и од она што го имаат направено како проект. Ова се младите научници во коишто лежи иднината на нашиот град и на нашата држава. Ги потикнувам сите да продолжат да работат, а ние како општина ќе изнајдеме начин да ги поддржиме“,- додаде градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

    Директорот на училиштето, Александар Јовановиќ,  вели дека е чест и гордост да се работи со вакви ученици и професори, и само со тимска работа најстарото училиште во градот ќе го направат едно од најсофистицираните.

    „Овие прокети ќе бидат во корист и за наставата по природните науки, а она што ќе го слушнат теоретски можат тука да го видат и практично, бидејќи не секој ученик има можност да засади едно семе и да гледа како без пестициди може да израсне во едно растение“- рече директорот  Јовановиќ.

    Професорката Емилија Поп Глигорова, којашто е и менторка во проектите, истакна дека учениците максимално се вложиле себеси, со своите иновативни идеи, критично и креативно размислување, па дури покажале и претпреиемничко размислување, што е за особена пофалба.

    Проектот „Изработка на хидрапонична и паметна градина“ е реализиран преку средства од Министерството за образование и наука преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и од програмата „CEED-UPSHIFT“, а потпомогнат и од Општина Куманово.

    Ова е само еден од 54 проекти со кои Фондот за иновации и технолошки развој преку програмат „Предизвик за млади истражувачи  ги организира, а е исто така е и еден од 15 проекти кои се во соработка со програмата „UPSHIFT“, која исто така подржува иновативни проекти од основните и средните училишта, а е поддржан и од Општина Куманово.