Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвениот крст и Училишниот сојуз на спортови денеска организираа натпревар во возење на ролери. Натпреварот е од хуманитарен карактер и средствата што ќе бидат соберени се наменети за корисните на Дневниот центар „Порака“.
-Натпераврот е традиционален и во него учество земаат по пет ученика од сите основни училишта од Општината. Добар е одзивот на децата, до сега се пријавија околу педесетина ученици, кои ќе возат на стаза - полигон со пречки. Побеник е оној за најкратко можно време, ќе ја помине патеката - вели Ивица Георгиевски, претседателот на Сојузот на училишни спортови.
Општинскиот Црвен крст хуманитарен натпервар во ролери го оцени како успешен.
-Средствата се прибираат од учесниците, кои симболично донирает по 30 денари и тие сретства ќе бидат однесени во центарот Порака. Младите од црвениот крст учествуваат во бројни активности , но овој натправар е еден од помасовните -изјави Фросина Цветковска, претседателка на подмаладокот на Црвениот крст.
Активистите на Црвениот крст на лицитација ги продаваа и предметите кои ги изработиле корисните на Дневниот центар Порака, со што ја заокружуваат хуманитарната акција наменета токму за оваа категорија лица.