500x100-1
15. 02. 2019 12:36

Хуманитарна журка во „Сквер Гарден“

Хуманитарна журка во „Сквер Гарден“

Во кафе барот „Сквер Гарден“, кој се наоѓа спроти Центарот за култура, утре (16 февруари) ќе се одржи хуманитарна журка под мотото „Нов живот к’т се роди – ти се препороди.

Забавата се организира за граѓаните над 35 години, а средствата ќе бидат наменети за купување на прочистувачи на воздух за новороденчињата на гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница.

 Ако сме осудени да дишеме отрови подоцна, барем првиот контакт на бебињата со овој свет да им биде чист воздух, како охрабрување и добар старт во животот. Кумановци се уморни од чекање некое министерство да одреди како и колку треба да ни биде убаво во градот. Затоа, вие кои сте во зрело доба, дојдете во сабота на журката која дава надеж за нов живот, – повикуваат во Сквер Гарден.

„Сквер Гарден“ веќе неколку саботи организира вечерни забави за своите сограѓани со над 35 годишна возраст, кои гостите ги оценуваат како освежување во ноќниот живот на Куманово.