×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И новата власт ветува дека ќе гради социјални станови во Куманово

    09.02.2018 08:38 | KumanovoNews

    Куманово ќе биде опфатено со програмата за изградба на социјални станови, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Општина Куманово.

    И новата власт ветува дека ќе гради социјални станови во Куманово

    “Апсолутно стоиме на тоа дека ќе градиме социјални станови, тоа е во тек, и во планот и програмата на ЈП „За стопанисување со станбен и деловен простор“ е предвидено“,- изјави Сугаревски, не презицирајќи каде и кога ќе започне изградбата.

     Министерот Сугаревски смета дека посебно е битен и начинот на распределбата на становите, за да не се случи да се изигруваат законските прописи во Република Македонија и да делат станови на оние што не им следуваат на сметка на најранливата категорија граѓани.

    Куманово е една од ретките Општини каде предходната Влада не изгради ни еден социјален стан, иако постојано ветуваше. Дури и земјиштето во касарната „Христијан Карпош“ што Општина Куманово го уреди за таа намена го продаде на приватно лице од Липково. Потоа тврдеше дека социјални станови ќе се градат на државно земјиште во населбата „Гоце Делчев“, кое во меѓувреме било денационализирано.