×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Играорците од „Срма“ блеснаа на меѓународен фестивал

    12.05.2018 11:08 | KumanovoNews

    По повод одбележувањето на Денот на сувереноста на Република Турција, детско- младинскиот фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово беше поканет на едно неделно гостување во општината Чорлу, која, патем, е збратимена со општината Куманово.

    Играорците од „Срма“ блеснаа на меѓународен фестивал

    Одбележувајќи го овој празник и како Ден на детето, Р. Турција секоја година организира меѓународен детски фолклорен фестивал на кој, меѓу останатите земји од светот, учество земаат и фолклорни друштва од Македонија. Годинешните претставници од Куманово, кои учествуваа на фестивал, почнувајќи на 23 април, се вратија дома со многубројни признанија.

    „Презадоволнен сум од прикажаниот настап и престојот во Р. Турција. Ја претставивме Македонија на највисоко ниво и во најдобро светло. Успеваме да ги добиме највисоките признанија и овации, без разлика што според возрасната граница нашиот состав беше најмлад. Честа да се претставува нашиот град и татковината е огромна. Воедно, ја изразувам благодарноста до локалната самоуправа на општина Куманово за поддршката која ни ја даваат за вакви настани. Како фолклорен ансабал задоволни сме што не ја изневеривме нивната доверба за претставување на нашиот град, а воедно и државата во странство, - вели Марјан Бошковски, кореограф и наставник по фолклорна уметност, за KumanovoNews.

     Инаку, централното одбележување на празникот се случува во мавзолејот на Кемал Мустафа – Ататурк, кој во 1920 година го формирал националното собрание, а иднината на државата ја оставил на децата. Оттука, водечка улога во одбележување на овој празник го имаат токму децата, на кои симболично им се дозволува да управуваат со државата, раководејќи ја истата од Собранието. Активното учество на децата го пренесува и наш учесник. 

    „Највпечатлива ни беше екскурзијата во градот Едрене, чија посета ни овозможи одблизу да ги видиме археолошките места и природните убавини со кои изобилува самото место. Заминувањето од г. Чорлу ни остави само убави спомени и ни донесе многу нови пријатели од другите земји учеснички на фестивалот.“, - коментира играорка од фолклорниот ансамбал.

    Инаку, по враќањето од Турција фолклорниот ансамбал го подготвува и големиот годишен концерт, кој ќе се одржи на 14, 15, 16 идниот месец во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Детско-младинскиот фолклорен ансабал „Срма“ практикува повеќе децениско негување на фолклорната уметност преку танци и песна и се претставници на народната традиција во градот Куманово, во Македонија и странство долги години наназад.

    (Сандра Трендевска)