×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инспектор по екологија го удрила струја додека проверувал што истекува од цистерна на Табановце

    26.05.2018 11:30 | KumanovoNews

    Инспектор за заштита на животна средина се здобил со изгореници на телото откако го удрила струја додека вршел проверка на вагон од кој истечувала отровна киселина на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница.

    Инспектор по екологија го удрила струја додека проверувал што истекува од цистерна на Табановце

    Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога Б.З.(43) од липковското село Слупчане, како службено лице бил повикан да изврши преглед на  товарен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, кој бил во композиција од 15 вагони.

    Кога инспекторот се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден момент најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја.

    Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Кумановската болница од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексто клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и  инспектор за заштита и здравје при работа.

    Товарниот воз со цистернаи пристигнал во Македонија окол 15 часот, при што вработените забележале дека истекува натриумхиперхлорид. Веднаш ги известиле Противпожарнта единица Куманово, Министерство за животна средина просторно планирање и СВР Куманово.

    Откако се случила несреќата, околу 19 часот, вработен во Железничка станица Куманово известиле дека поради падот на температурата од цистрената повеќе не истекува течност и истата нејверојатно ќе се транспортира за Грција.