×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интернетот медиум број еден

    14.10.2010 07:02 | KumanovoNews

     Истражувањата на компанијата „ТНС Софт“ извршени во 46 земји, над 50.000 сопственици на компјутери покажале дека интернетот е медиум со најмногу посетители.

    Интернетот медиум број еден

     Според истражувањето „Дигитален живот“, дури 61 отсто од испитаниците изјавиле дека секојдневно се приклучуваат на Интернет, 54 отсто гледаат телевизија, 36 отсто слушаат радио, а 32 отсто читаат весници, пренесува францускиот неделник „Нувел обсерватер“.

      Во пораст е  умрежувањето и вклучувањето на социјалните мрежи, во што рекордери се Малезијците кои просечно пред компјутер минуваат 9 часа неделно.

    Во Македонија повеќе од половина население користи Интернет, односно 1.057.400 луѓе дневно се онлајн.

    Последните анализи направени во месец август покажуваат дека  бројот на интернет корисници во Македонија во изминатите десет години се зголемил од 30.000 во 2000 година на повеќе од милион во 2010.