×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчистени дивите депонии во Младо Нагоричане

    22.03.2010 12:13 | KumanovoNews

    Општината Старо Нагоричане по повод Денот на Екологијата вчера превзеде активности за чистење на дивите депонии во општината. Чистењето беше изведено на релација од Зебрњачки пат до школото во Смиљчинци - Младо Нагоричане.

    Исчистени дивите депонии во Младо Нагоричане

    Отпадот е таложен повеќе години од несовесните жители кои гравитираат кон Општина Старо Нагоричане и го користат овој пат.

    Во заедничката акција на Општина Старо Нагоричане и жителите на маала Брадиновци и околните маали на Младо Нагоричане, градежната механизација и приватните трактори, целокупниот отпад од повеќе од 100 м³е соберен и складиран.

    На истото место ќе бидат поставени знаци со натпис за забрането фрлање на смет, а екипите од Инспекциското одделение при Општина Старо Нагоричане ќе дежураат и секој што ќе фрли отпад најстрого ќе биде казнет според законските прописи на Р. Македонија.