500x100-1
21. 08. 2019 09:37

Искршени садници од спомен костурницата до населбата Карпош

Искршени садници од спомен костурницата до населбата Карпош

  Вандали уништиле поголем дел од садниците во дрворедот од спомен костурницата до крајот на улицата 100 во населбата Карпош.

Брезите, кои беа засадени минатата есен се прекшени на половина и оставени.

„Од 120 садници повеќе од половина се скршени. Оваа појава е присутна последните десетина денови. Секое утро наоѓавме по 3-4 скршени садница, а во последниот случај многу повеќе. Ја известивме полицијата и очекуваме да ги најде вандалите и да ги казни, - изјави Цветанка Ивановска, технички директор во ЈП „Чистота и зеленило“.

Граѓаните се бесни поради ваквите постапки на поединци, а ги осуди и градоначалникот.

 „Го осудувам вандалскиот самоуништувачки чин во кој се уништени садниците кои беа засадени на реконструираната улица 100 и новоизградените тротоари во населба Карпош. Барам од надлежните истражни органи да го откријат сторителот и изведат пред лицето на правдата. Eдинствено сите заедно можеме да ги спречиме ваквите појави, ве молам доколку имате сознанија поврзан со случајов да ги пријавите пред надлежните“, - изјави градоначалникот. Максим Димитриевски.

Од „Чистота“ велат дека мета на вандалите е и урбаната опрема, скршени се поголем дел од клупите и кантичките во централното градско подрачје.

Искршени садници од спомен костурницата до населбата Карпош