×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгоре дел од документација на Управата за имотно-правни работи во Куманово

    12.10.2017 07:29 | KumanovoNews

    Над 200 предмети, главно барања на граѓани за приватизација и експропријација на имот изгореа или се уништени од вода во големиот пожар што завчера ја зафати канцеларијата на подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи во Куманово, откако се запали кујна и оџак на ресторан.

    Изгоре дел од документација на Управата за имотно-правни работи во Куманово

     Во пожарот изгореле предметите коишто се наоѓале на работната маса на вработените, додека документацијата што била во шкафовите не е оштетена.

    „Најмногу настрада канцеларијата на колагата Перко, низ која поминува оџакот од ресторанот. Од високата температура се запалил таванот од стиропор и паднал врз бирото и мебелот, по што се запалила хартијата. Уште четири други канцеларии делумно се оштетни, таму плафоните паднале од водата со која се гаснел пожарот на кровот. Не знаеме каква е состојба со електричната инсталација, комјутерите и другата опрема, ама се плашиме дека и тие се натопена. Поплавен е и ходникот што води кон Катастар“, - раскажуваат вработените.   

    Тие додаваат дека пожарот бил навреме локализиран и не се проширил на останатите канцеларии и архивата, бидејќи во спротивно Куманово ќе останело без целокупната документација од 25.000 предмети за приватизација, експропријација и денационализација за последните 17 години, од 2000 година наваму.

    На вработените вчера не им беше дозволен пристап во работните простории, а очекуваат во текот на денот да дојдат претставници од Министерството за финансии за да ја утврдат фактичката состојба и да им дадат насоки како понатаму, бидејќи немаат услови за работа и што ќе прават со уништената документација. Канцелариите на управата за имотно-правни работи пред две години биле целосно реновирани и опремени со мебел.      

    Истрагата допрва треба да утврди колкава е штетата и кој ќе ја понесе одговорноста, а вчера на терен увид вршеа инспектори од крим полиција.

     Од МВР официјално потврдија дека завчера во 18.10 часот на Плоштад „Нова Југославија“, поточно во ресторанот „Баба Цана“, избувнал пожар во кој целосно изгорела кујната од ресторанот и канцеларија на Министерство за финансии, која се наоѓала над ресторанот. Во 19.55 часот од страна на екипа од Противпожарна единица Куманово пожарот е изгаснат. (СДК.мк)