×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изградба на патна инфраструктура во кумановско

    04.01.2019 11:05 | KumanovoNews

    Во Општиите Куманово, Липково и Старо Нагоричане во текот на годината ќе се работи на реконструкција на неколку патни правци, кои ќе ја олеснат комуникацијата во сообраќајот во трите општини.

    Изградба на патна инфраструктура во кумановско

     При неодамнешната посета на Куманово, заменик претседател на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, најави реконструкција на регионални патни правци.

     Она што е значајно за Куманово во 2019 година, ќе започне реконструкција на регионалните патиште Куманово-Свети Николе,  Старо Нагоричене- граничен премин Пелинце, Куманово-Опае и Куманово-Никуштак. Предвидени се пари и за реализација на проектот „Македонија без кал“ или асфалтирање на локалните патишта во општините, - изјави министерот Спасовски.

    Годинава треба да продолжат и градежните работи на пругата Куманово-Бељаковце, на која се работеше предходните години.