×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Излезе новиот број "Корени”

    05.07.2010 06:24 | KumanovoNews

     Излезе од печат 33-34 број на полијазично и мултиетничко списание “Корени”.Списанието излезе како двоброј,поради есеите кои се доминантни како во делот на Наградниот конкурс, така и во останатите рубрики.

    Излезе новиот број "Корени”

     Во оваа прилика би сакал да се осврнам на редакцискиот воведник во списанието во кој се изразува отворено неслагање со редакторите на 130 томското издание на Министерството за култура, каде во делот на драмското творештво на некој начин избришана култната “Бегалка” на Васил Иљоски. Во Амбиентот внимание на читателот треба да го свртат прилозите на Украинката, Татјана Журженко- Геополитиката во меморијата,на Андреас Ремзи од Шведска- Маркс?, како и прилогот кој се задржува на дваесетгодишнината од настаните во 1990 година, односно првите повеќепартски избори во Куманово, како и појавата на првите локални телевизии-вели уредникот Димитар Масевски.

    Освен  наградените есеи на Роберт Алаѓозовски „Корени како антени„. На Слободан Беличански „ Малку местенце за класика и ерато„ на Христо Петрески „Сонот за Европа„, и Аго Хајрудиќ „ Ум И разум- Проклетство Европе„, односно на младите автори Симона Стојановска, Моника Филиповска и Драгана Денковска,  интересни се уште петмаесетина есеи кои се појавуваат во овој број од авторите од поранешните југословенски простори.

    Меѓутоа за кумановчаните мошне интересен прилог  може да бидат спомените на контраверзниот кумановски комитски војвоја Крсто Коњушки, кои зборуваат за еден период од 1900 до 1930 година, кои со убаво пробрани фотографии даваат една комплетна слика за случувањата во Кумановскиот крај  во тие две први децении на 20 век, и вооружените борби на српската и бугарската пропаганда-нагласува Масевски.

         Вообичаено редакцијата дава куси прикази на одржаните манифестации  за кои цени дека се позабележителни  и тоа :Со почит кон неимарите,  промоција на  книгата на Ставре Џиков за Драган Богдановски, како и промоција на заедничкиот број на Куманово и Врање , односно  Изложбата посветеана на еден од најстарите кумановски и македоски фотографи и филмски сниматели Сифрид Миладинов. Која беше организирана во Пелинце, ноември минатата година.