×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски во Уметничката галерија

    23.08.2019 06:21 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија Куманово, вечерва (петок) во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики „Форми во црно”, на уметникот Мице Јанкуловски.

    Изложба „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски во Уметничката галерија

    Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Македонија.

    „Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал различни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво кое опфаќа различни медиуми го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот, преклопувајќи се на рамнина која се протега бескрајно далеку“,-  информираат од Уметничката галерија.

    Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена. Добитник е на престижни награди во областа на уметноста.

    Оваа година, Мице Јанкуловски, обележува 50 години уметничко творештво, а неговите дела ќе бидат прикажани и во: во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.