Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Домот на култура „Лазар Софијанов“ во сабота во 12 часот ќе биде отворена на меѓународна изложба на уметничка фотографија насловена како “Коритон”.
Изложбата е во организација на Фото клуб „Куманово“, а е под покровителство на Националната фото унија на Македонија и Интернационалната асоцијација на уметнички фотографи (IAAP).
„Коритон претставува пресек од најдобрите фотографии кои пристигнаа на конкурсот, кој претставува своевиден рекорд. Имено на истиот се пријавија 928 фотографи од дури 72 земји од кои 830 се зедоа учество, што всушност најголема најголем конкурс во историјата на уметничката фотографија во Р Македонија. Вакви бројки говорат за реномето со која се стекна оваа изложба низ годините,“ – Софија Петковска, директор на Кортион.
Конкурсот беше отворен во две теми: слободна и Кратово и кратовчани, и на истите пристигнаа околу 3500 дела.
Кратово е трета година по ред домаќин на меѓународната изложба на уметничка фотографија насловена како “Коритон”.