×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Дарко Трпчески во Куманово

    11.07.2019 09:19 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики и цртежи “Раѓање на идејата“ – (Анамнестика) од авторот Дарко Трпчески.

    Изложба на Дарко Трпчески во Куманово

    Изложбата содржи дваесеттина слики и цртежи работени во последните неколку години.

    Дарко Трпчески роден 1985 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште “Лазар Личеноски” Скопје 2004 година, дипломирал на факултет за ликовни уметности Скопје во 2009 година, отсек графика и графички техники со подотсек конзервација и реставрација под менторство на проф. Костадин Танчев и доц. Славица Јанашлиева – Бачварска. Магистрирал на факултет за ликовни уметности Скопје 2016 год., отсек сликарство под менторство на Проф. Антони Мазневски.

    Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство, како и на повеќе интернационални ликовни колонии низ нашата држава.