×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Димитар Малиданов во Уметничка галерија

    14.03.2014 09:24 | KumanovoNews

    Во Уметничка галерија денеска ќе биде поставена изложба на академскиот сликар Димитар Малиданов.

    Изложба на Димитар Малиданов во Уметничка галерија

    Авторот е роден на 5 декември 1946 година во Саракиново, Воденско. Во 1972 година дипломирал на одделот за сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана кај проф. Габриел Ступица.

    Набргу по отворањето на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје тој се вработил како професор по графика. На ФЛУ работел од 1981-2012 год. Од 2006-2010 год. бил и декан на ФЛУ.

    Досега имал триесеттина самостојни изложби, а учествовал и на преку 200 групни изложби во Република Македонија и надвор од неа. Покрај тоа учествува на ликовни колонии и работилници дома и во странство.

    За својата уметничка и педагошка работа Малиданов има добиено високи награди и признанија. Добитник е на највисоката награда за уметност на Република Македонија, награда 11 октомври.

    Изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје, и ке трае до 25 март.