×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Ѓорѓи Томовски

    04.02.2010 12:41 | KumanovoNews

    Утре вечер во Изложбениот салон на  Центар за култура „Трајко Покопиев“ Куманово ќе биде отворена изложба  на Ѓорѓи Томовски која се одржува во соработка со Центар за култура „Антон Панов“ Струмица.

    Изложба на Ѓорѓи Томовски

    Авторот ќе се претстави со една особено сложена техника како што е мозаикот, а го става на нашето културно наследство: појаси, килими и друго.

    Томовски  на своите сликарски платна ја пренесува средината со која е опкружен, секојдневието, далечни населби, градот во ноќта со сите свои знаци и симболи:затемнување, магла, отсјај во ноќта, вкрстување на патишта и сл.

    Во неговите мозаици се гледа сплотување на камчињата и умешно воден цртеж врз обоената подлога, а користи материјали и постапки кои кои отскокнуиваат од класични мозаички техники. Учествувал на многубројни групни изложби во земјава и надвор од неа, а ова е негова втора самостојна изложба. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 20.02.2010 год.