×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова

    28.10.2019 09:45 | KumanovoNews

    Во фоаето на  „Трајко Прокопиев" во Куманово, денеска во 13 часот,  ќе се одржи изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова.

    Изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова

    На изложбата ќе се обрати нејзиниот долгогодишен пријател и менаџер Иво Јанковски.

    Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од многуте македонски изворни народни песни што ги има испеано Лазараова.

    Родена е на 27 април, 1930 во кратовско Страцин, има работено во Операта во МНТ, a исто така била и член на Државниот ансамбл на народни игри и песни "Танец“.

    Вања Лазарова пеела во "Ројал Алберт хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за издавачките куќи "Полиграм“ и "Филипс“.

    Исто така, свој придонес има дадено и во музиката за филмот "Пред дождот", кој освои "Златен лав" во Венеција, а режисерот Милчо Манчевски ќе изјави дека дека филмската музика во "Пред дождот“ претставува еден од исконските, архетипски моменти на неговиот филм.

    Овој проект се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.