×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии „Морски импресии“ во Куманово

    27.06.2018 09:13 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии „Морски импресии“ од авторот Рајко Р. Каришиќ од Белград - Република Србија.

    Изложба на фотографии „Морски импресии“ во Куманово

    Рајко Р. Каришиќ роден е на 05.11.1952 година во Бачко Добро Поље, Општина Врбас. Дипломирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со фотографија почнал да се занимава од април 1973 година во Фото-кино клубот „Машинац“ на Машинскиот факултет во Нови Сад. Досега имал околу 100 самостојни изложби во својата земја и во странство. Носител е на високото звање Кандидат мајстор на фотографијата на Фотосојузот на СЦГ. Досега има изработено 98 авторски книги и фотомонографија. Покрај овие публикации, обработил и реализирал 21 минимонографија на манастири и цркви на Српската православна црква. Учествувал и во изработката на над 10 други монографии и реализирал над 100 каталози и плакати за своите изложби, за изложбите на познати сликари, каталози за ликовни колонии и собири. Активно учествувал и во работата на над 80 ликовни колонии и собири.