×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Горан Ристовски

    20.01.2011 09:19 | KumanovoNews

     Вечерва во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на графики на авторот Горан Ристовски.

    Изложба на Горан Ристовски

     Тој ќе се претстави со колекција од дваесетина графики насловени “END.BEGIN“.

    Горан Ристовски е роден 1987 година во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје отсек графика, насока графички дизајн, во класата на професор Димитар Малиданов.

    Учествувал на повеќе самостојни и групни изложби во земјава и странство.