×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на карикатури на Ѓорѓи Цветковски - Арап

    05.03.2010 09:13 | KumanovoNews

     Вечерва во 19,30 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура “ Трајко Прокопиев “ ќе биде отворена изложба на карикатури на Ѓорѓи Цветковски - Арап, насловена како “Батко Ѓорѓија и еротиката“.    

    Изложба на карикатури на Ѓорѓи Цветковски - Арап

     Цветковски е роден во Куманово, а со сликарство се занимава од 1971 година. Во јавноста е познат како автор, кој своето ликовно творештво го изразува со веќе препознатлив ракопис во повеќе ликовни техники. Досега реализирал преку 40 самостојни изложби на кои се презентирал во техниките: кован бакар и масло на платно. Во последниве неколку години изработува икони и мозаици за потребите на црковните и манастирските храмови. Се занимава и со изработка на скулптури во дрво и камен. Учесник е на повеќе меѓународни ликовни колонии, како и на “Меѓународниот фестивал на афоризми и карикатури - Струмица 2009“ од каде и потекна идејата за самостојно претставување, за прв пат пред ликовната јавност во жанрот еротска карикатура.

     Карактеристика на изложбата е карикатуралниот третманот на  разни теми од кумановското секојдневие во кои главен лик е кумановскиот Батко Ѓорѓија даден во една фалусоидно-антропоморфна форма.

     Изложбата ќе биде поставена до 18.03.2010 година.