×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на млади уметници од Куманово

    27.01.2010 09:24 | KumanovoNews

    Утре вечер со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на четири млади уметници од Куманово. Милена Тоневска - графичар, Мартина Тоневска - скулптор, Милена Христовска - сликар и Далибор Крстевски - сликар ќе се претстават пред кумановската публика.

    Изложба на млади уметници од Куманово

      Изложбата ќе го претстави актуелното творештво на овие млади автори каде во ист простор, преку 4 целини, публиката ќе има можност да ги осознае нивните творечки концепти. Милена Тоневска е апсолвент е Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на педагошкиот оддел , насока графика. Учесник е на повеќе групни изложби: Струга, Тетово, Скопје и Куманово.

      Мартина Тоневска е студент е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока вајарство. Излагала на повеќе групни изложби во Скопје, Куманово и Истанбул (Турција).

      Милена Христовска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2009 год. на педагошкиот оддел - насока сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин. Постдипломец е на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје. Учествувала на неколку групни изложби.

      Далибор Крстевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2009 год. на педагошкиот оддел - насока сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин. Учествувал  на неколку групни изложби. Се занимава и со моден дизајн.

      Изложбата ќе биде отворена до 11.02.2010 год.