500x100-1
06. 11. 2019 08:15

Изложба на портрети на кумановските градоначалници

Изложба на портрети на кумановските градоначалници

 Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово,  отворена е изложба на портрети на градоначалници на Куманово, од ликовниот уметникот Борче Тодоровски од Прилеп.

На изложбата беа презентирани и портрети на градоначалници од од 1996 година, па се` до денес и претседатели на собранието на Општина Куманово и претседатели на градската Општина Куманово.  

На отворањето на изложбата уметникот Тодоровски, кој е автор кој ги има насликано и првите пари во слободна Македонија, им го честиташе големиот јубилеј на кумановците и рече дека остава на гостите да проценат како се насликани портретите.

Во своето обраќање градоначалникот Максим Димитриевски им се заблагодари на сите за дадениот придонес Куманово да биде она што е денес.

"Многу работи му недостасуваат на Куманово, но сепак вие направивте да бидеме први, нашите предци направија Куманово да биде тоа што е денеска, најголем град во независна Македонија, најголема општина во Република Северна Македонија. Сакам да ви се заблагодарам на сите вам кои дојдовте и имам чест тоа да го сторам, а воедно да ги споменам и сите оние генерации кои се вградија во таа наша заедничка историја. На Куманово му недостасуваат многу работи, но ние младите генерации сме тука да продолжиме таму каде што застанавте вие",- рече Димитриевски.

На изложбата присуствуваа и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката без ресор Зорица Апостолска.