×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ од Емил Солески во Куманово

    14.11.2019 11:36 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре (петок) со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески.

    Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ од Емил Солески во Куманово

    Се работи за збирка од десеттина скулптури работени во мермер во периодот од неколку последни години. Изложбата е проект којшто е подржан од страна на Министерството за култура а Солески за прв пат ќе биде претставен пред кумановската публика со свој самостоен настап.

    Емил Солески е роден 1969 г. во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

    Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.