×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики

    02.02.2011 08:56 | KumanovoNews

    Утревечер во 19.30 часот во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“  ќе биде отворена  изложбата на слики “Уметноста на тлото на некогашна Југославија од фондот на Меѓународната струмичка ликовна колонија“.

    Изложба на слики

    Поставката содржи 48 дела, масло на платно од исто толку автори од поранешните југословенски републики, работени во периодот 1961- 2009 год.

    Во каталогот за оваа изложба колегата Бранислав Пепиќ, историчар на уметноста запишал:

    Најстарите дела се од перидот на создавање на познатата “Струмичка ликовна збирка" која ја одигра улогата  во формирање на Меѓународната струмичка ликовна калонија во 1961 г. како Колонија на Наивните творци која ќе трае до 1966/67, која одпосле помина во Југословенска, а од 1969 во Колонија од Меѓународен карактер, датираат од 1961 година.

    Сите овие стилска ликовни погледи се преземени од Минхен и Париз затоа што постарите, професорите биле таму, но улогата на двигател  во сликарството на некогашната Југославија, во голем дел го одиграле, “Годишните стипендии на Моша Пијаде"- (Моша Пијаде, сликар и општественик,) коишто секоја година им се давале за одење во Париз на усовршување.

    На изложбата ќе бидат претставени делата на: Оља Иваницки “Камен и црвено небо",Јоже Тисникар, Богољуб Ивковиќ, Хрвоје Шерцер, Глигор Чемерски, Тодор Стефановиќ, Халил Тиквеша со своето дело "Носталгија по Неретва“, Радуле Анѓелковиќ, Мирјана Вукмировиќ, Тодор Стефановиќ, Драган Лубарда, Столе Стојковиќ, Стојан Пачов, Татар Војо, Зравко Папич, Бојан Бем “Базент",  Петар Мазев,  Ева Хеимер, Милорад Ѓокиќ, Слободан Перишиќ, Младен Србиновиќ со делото „Македонска софра" во кое се насетуваат прекрасните плодови на природата.  Исто така тука е  Деса Керечки, Милена Јефтиќ, Хусред Хрвановиќ, “Зајди, зајди јасно сонце" и делото на доајенот Милорад Бата Михаиловиќ “Случка“ и други.

    Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 17 февруари.