×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики и поетска средба со Наташа Радосављевиќ и Мирослав Трендафиловски

    20.03.2019 18:36 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ -  Куманово, утре во 19.30 часот,  ќе биде отворена изложба на слики на ликовните автори Наташа Радосављевиќ – Нара од Србија и Мирослав Трендафиловски – Мики од Македонија.

    Изложба на слики и поетска средба со Наташа Радосављевиќ и Мирослав Трендафиловски

    Изложбата содржи слики и цртежи и е со наслов “Лет и пев“. Идејата на самото претставување на овие автори е презентирање на нивната актуелна ликовна продукција надополнета со литературното творештво на Наташа Радосављевиќ – Нара за коешто ќе говори м-р Љупка Стојменова.

    Наташа Радосављевиќ – Нара е родена во Јагодина, а живее и работи во Белград. Завршила колеџ за ликовна и применета уметност во Белград. Покрај творењето во областа на ликовната уметност  се занимава и со пишување на поезија. Има учествувано на повеќе групни ликовни изложби, проекти и ликовни колонии како и дваесетина самостојни изложби. За својата работа има добиено повеќе награди и признанија. Член е на повеќе ликовни асоцијации. Има објавено три книги и членува во Здружението на српски писатели. За своето творештво ќе каже дека е испреплетена сликарско-поетска содржина,  претставена со нејзиниот специфичен авторски сензибилитет нудејќи и на публиката едно свое видување на светот.

    Мирослав Трендафиловвски – Мики е роден  во Куманово кадешто живее и работи како самостоен уметник. Има учествувано на повеќе групни ликовни изложби, проекти и ликовни колонии како и 25 самостојни изложби во земјата и странство. Неговиот специфичен ликовен израз граден на повеќе децениско искуство говори за неговиот зрел сликарски пристап, творечка инвенција и  авторски идентитет.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 04. април годинава.