×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на кумановецот Арсовски во Књажевац

    11.09.2019 06:54 | KumanovoNews

    Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, ќе ги презентира своите слики пред публиката во Књажевац, Србија.

    Изложба на слики на кумановецот Арсовски во Књажевац

    Самостојна изложба ќе биде отворена вечерва во 19 часот во  во Уметничка галерија во Књажевац.

    Арсовски претходно имаше изложбата во престижната „Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан” во Белград со наслов „Тектонски пореметувања”, која наиде на одличен преим кај публиката.

    Зоран Арсовски – Бабата е роден во Куманово. Магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба ќе му биде девето самостојно претставување пред пошироката јавност. Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.