500x100-1
13. 06. 2019 14:30

Изложба на слики „Самоуки“ во Центарот за култура

Изложба на слики „Самоуки“ во Центарот за култура

Во изложбениот салон на Центарот за култура Трајко Прокопиев, вечерва ќе се отвори изложбата на слики „Самоуки 2019“.

Пред публиката ќе бидат изложени шеесетина дела изработени од 25 неакадемски сликари.

Се работи за слики: масло на платно, комбинирана техника, цртежи, скулптури, кои ќе може да види публиката.

Отварањето на изложбата е закажано во 20 часот.