×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Помеѓу празното и празнината“ на Марина Цветановска Мартиновска

    28.12.2018 08:25 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на Уметничката Галерија, вечерва во 19.30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Марина Цветановска Мартиновска.

    Изложба „Помеѓу празното и празнината“ на Марина Цветановска Мартиновска

    Изложбата носи насов „Помеѓу празното и празнината“ и претставува нејзина осма по ред самостојна ликовна изложба. Ќе бидат изложени просторни и ѕидни инсталации и цртежи изработени во различни материјали и ликовни техники. Изложбата претставува продолжение и тематски континуитет на нејзината претходна ликовна продукција прикажана во Скопје и Њујорк. За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена и во наредниот тековен месец од 2019 година.

    Марина Цветановска-Мартиновска, родена на 18.03.1977 год. во Куманово. Дипломирала 2000 година на Факултетот за ликовна уметност Скопје- педагошки оддел, насока вајарство со сценографија во класата на проф. Станко Павлески. Во 2005 завршува постдипломски студии по вајарство на ФЛУ под менторство на проф. Станко Павлески. Член на ДЛУМ од 2000 год. Вработена како ликовен педагог во ОУ "Браќа Миладиновци" Куманово од 2001 година.

    Покрај самостојни изложби, зад себе има учество и на голем број групни изложби, колонии во земјава и странство. За својата  активност, особено ликвно педагошката, во периодот 2001-2018 година  добитник е на преку 150 награди ( општински, државни и меѓународни).